Назад
Отворени 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина

Со свечена церемонија која се одржа истовремено на четири локации – Милано, Кортина, Предацо и Ливињо – вечерва официјално беа отворени 25. Зимски олимписки игри. На најголемиот зимски спортски настан учествуваат околу 2.900 спортисти од 92 држави.

04

Македонскиот олимписки тим брои четири натпреварувачи: Ана Цветановска и Ставре Јада ќе настапат во нордиските, додека Јана Атанасовска и Виктор Петков во алпските дисциплини. Ова претставува најбројна македонска спортска делегација на Зимски олимписки игри, на кои Македонија по осми пат учествува, по првиот настап во Нагано во 1998 година.

05

Македонската делегација на свеченото отворање беше распоредена на три локации. 🇲🇰

Јана Атанасовска гордо го носеше македонското знаме во Кортина, Ставре Јада – за кого ова се трети Зимски олимписки игри – беше знаменосец во Предацо, каде заедно со него дефилираше и Ана Цветановска, додека Виктор Петков ја претставуваше Македонија во Ливињо.

01
02
03

Главната церемонија се одржа на стадионот „Сан Сиро“ во Милано под мотото „Хармонија“, со музички настапи на Мараја Кери, Лаура Паузини и Андреа Бочели. Олимпискиот оган беше запален во Милано и во Кортина, а честa ја имаа легендарните италијански спортисти Дебора Компањони, Алберто Томба и Софија Гоџа.