Oд 27-30 мај 2025 година во Ваљадолид се одржа средба на сите партнери во рамките на европскиот проект „Да не оставиме ниту едно дете и млад човек зад себе во спортот (No1Behind)”. На состанокот учествуваа претставници од сите партнерски организации, меѓу кои и Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Средбата имаше за цел размена на искуства и добри практики за инклузија на децата и младите во спортот, како и развивање стратегии за подобро вклучување на лицата со попреченост и функционална разновидност во спортските активности.
Во рамките на програмата, учесниците посетија неколку спортски центри и организации кои спроведуваат инклузивни спортски програми, а настанот се одржа во новообновениот младински дом во Ваљадолид, реконструиран со средства од европската програма Next Generation.