Назад
Соработка со единаесет основни училишта за промоција на Олимписките вредности и спортското образование

🤝 Македонскиот Олимписки Комитет потпиша Меморандум за соработка со единаесет основни училишта кои ќе бидат дел од новата етапа на промоција на олимписките вредности и спортското образование! 🏅


🏫 Училиштата вклучени во иницијативата се:

📍 ОУ „Ацо Шопов“ – Бутел

📍 ОУ „Браќа Рамиз Хамид“ – Шуто Оризари

📍 ОУ „Дитурија“ – Сарај

📍 ОУ „Рајко Жинзифов“ – Драчево

📍 ООУ „Димката Ангелов Габерот“ – Кавадарци

📍 ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци

📍 ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово

📍 ООУ „11 Октомври“ – Куманово

📍 ООУ „Толи Зурдумис“ – Куманово

📍 Подрачно училиште ООУ „Кочо Рацин“ – с. Драгоманце, Општина Старо Нагоричане

📍 ООУ „Петар Мусев“ – Богданци

📍 ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково


🎽 Во рамките на оваа активност, ОКСМ ја продолжува акцијата за донирање спортска опрема во сите училишта вклучени во проектот, со цел да се создадат подобри услови за физичка активност и подигнување генерално на условите за спорт во нашата држава.


🌍 Овој потфат е дел од проектот „Empowering Communities through Olympic Values Education“, финансиран од Олимписката солидарност, преку кој во моментов се изработува првиот Прирачник за олимписко образование — историски чекор во поврзувањето на образованието и спортот во нашата земја. 📘


✨ ОКСМ со гордост продолжува да гради заедници инспирирани од олимписките вредности: пријателство, почит и извонредност.


#OlympicSolidarity #OVEP #OlympicValues

1
2