Назад
Дејан Георгиевски освои сребрен медал на Г1 турнирот „Дракула куп“ во Букурешт

Нашиот најдобар таеквондиста и стипендист на МОК, Дејан Георгиевски освои сребрен медал на силниот Г 1 турнир „Дракула куп“ во Букурешт, Романија.


Во првото коло Георгиевски беше слободен, а во четвртфиналето заблежа победа над Марсел Хотак од Унгарија, а во полуфиналето против Тудор Карагеа од Романија. Во финалето загуби од Хусеин Демирчиоглу од Турција.

dejan-georgievski-drakula-kup-25-1-758x470