Назад
Доделени благодарници на волонтерите од Куманово

Претседателот на Македонскиот Oлимписки Комитет, Даниел Димeвски и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, во присуство на раководителот на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски и претставници од општинската администрација, им доделија благодарници на волонтерите, кои беа дел од тимот за логистика на EYOF Скопје 2025, во знак на благодарност, несебична поддршка и посветеност на спортските игри.

Kumanovo 3
Kumanovo 5

Куманово и Скопје угостија 50 делегации од повеќе европски земји, преку 700 волонтери беа на располагање на околу 4000 спортисти и нивната публика, која ги бодреше на спортските борилишта, покажуваjќи ја масовната слика, на овогодинешниот спортски настан – EYOF Скопје 2025.

На манифестација присуствуваа бројни делегации и претставници од високи државни и странски институции, кои беа дел од седумдневните спортски настани, презентирајќи ги олимписките вредности, мирот и пријателството меѓу младите луѓе.

Kumanovo 6
Kumanovo 4