Назад
Обука за офицери за заштита на децата во спортот

🛡 Модул 1 – Обука за офицери за заштита на децата во спортот


Со голема посветеност започна реализацијата на Модул 1 од обуката за Офицери за заштита на децата во спортот (Child Safeguarding Officers – CSOs) во рамки на GUARD проектот, кој има за цел да создаде безбедна и инклузивна спортска средина за децата во Европа.

guard 1

📌 На модулот се обработуваат следните теми:

⿡ Основи на заштита на децата во спортот

⿢ Национални законски регулативи поврзани со заштита на деца

⿣ Улоги и одговорности на офицерите за заштита на деца во спорт

guard 2

🔹 Обуката беше збогатена со активно учество на претставници од националните спортски федерации, кои покажаа голем интерес и подготвеност за унапредување на безбедноста на децата во нивните спортски системи.

guard 3

Оваа иницијатива има за цел да ги обучи и оспособи спортските работници да препознаваат, реагираат и превенираат каква било форма на злоупотреба, занемарување или насилство врз децата во спортска средина.


📍Проектот GUARD е кофинансиран од Европската Унија преку програмата ЕРАЗМУС+ Спорт, и се спроведува во партнерство со организации од различни европски земји.


#GUARDproject #ErasmusPlus #ChildProtection #SafeSport #SportIntegrity #CSOtraining #EUprojects

guard 4