Македонскиот Олимписки комитет упатува честитки до македонската машка Дејвис куп репрезентацијата за прикажаните резултати минатата недела каде го освои 3то место во Европската Трета Група со 3 победи, а со тоа обезбеди пласман и промоција во 2та Светска група од Дејвис купот каде ќе настапи во 2026 година.
Македонија на патот до промоцијата одигра вкупно 5 меча постигнувајќи ги следните резултати:
Македонија - Малта, 3:0
Македонија - Црна Гора, 0:3
Македонија - Молдавија, 2:1
Македонија - Ерменија, 3:0
Македонија - Латвија, 1:2
Овој успех македонската репрезентација го постигнува после долги 20 години, на што сме особено горди. Ваквиот резултат се должи на максималната пожртвуваност на тенисерите: Калин Ивановски, Стефан Мицов, Берк Бугариќ, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев, капитенот и селектор на репрезентацијата Горан Шевченко, тренерот Елдин Хусеиновиќ и кондициониот тренер Ивица Гаџовски.