Назад
Новоизбраната претседателка на Бугарскиот Олимписки комитет во посета на МОК

Денес во посета на МОК беше новоизбраната претседателка на Бугарскиот Олимписки комитет, г-ѓата Весела Лечева.

БОК 3

На првата меѓусебна средба со претседателот Димевски, во една пријателска атмосфера се разговараше за идната соработка меѓу двата комитети, учествотото на бугарската делегација на претстојниот младински фестивал во Скопје и запознавање со спортските и сместувачки капацитети. Шефот на делегацијата Володја Златев придружуван од Генералниот секретар Данаил Димов искажаа видливо задоволство од условите што ќе ги имаат младите спортисти.

БОК 2

Инаку игрите започнуваат за еден месец, а Скопје и Македонија се подготвуваат со полна пареа. Ќе бидеме домаќини на повеќе од 4000 спортисти на најголемиот спортски настан оддржан во Македонија.