Назад
Финансиска поддршка за системска промена: 15 федерации добиваат суб-грантови

Вчера, во СЦ Јане Сандански, Македонскиот Олимписки Комитет заедно со партнерите го одржа настанот за проектот„Фер игра“, каде беше презентирано истражувањето за родова еднаквост и инклузивност во спортот.


🔍 На настанот се најави дека:

✅ 15 национални спортски федерации ќе добијат суб-грантови од 6.700 евра

✅ Федерациите веќе добија информации за критериумите, процесот на аплицирање и роковите

✅ Поддршката е наменета за активности што промовираат родова еднаквост и вклучување на жени – вклучително и жени со попреченост – во спортското лидерство


💬 Ова е чекор напред кон пофер и поинклузивен спорт во Македонија!


#ФерИгра #МОК #РодоваЕднаквост #ИнклузивенСпорт #ПоддршкаЗаСпортот #СпортЗаСите

Упатство за аплицирање