Олимпискиот комитет на Северна Македонија со голема гордост го објавува првото национално истражување за „Родова еднаквост и инклузивност во спортот“!
Истражувањето е дел од проектот „Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“, кофинансиран од преку програмата Еразмус+. Проектот има за цел да ги зајакне жените и девојчињата во спортот, вклучувајќи ги и жените со попреченост, преку обуки за лидерство, политики за безбедност и инклузивно образование во спортскиот сектор.
Со детална анализа, анкети, интервјуа со експерти и фокус-групи со спортистки од различни дисциплини, ова истражување ќе биде клучен чекор кон креирање безбедна, инклузивна и родово одговорна спортска средина во нашата земја.
Следете ги резултатите и придружете ни се во поддршката за фер игра на сите спортски терени!
#ФерИгра #OlympicCommitteeMKD #GenderEquality #InclusiveSport #ErasmusPlus #EUforSport #StrongerTogether
Кликни тука за истражувањето