Назад
Почетни активности на Македонската Олимписка Дијаспора

Изминатиов период, поточно од 7-9 март во Њу Џерси, САД, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) оддржа конференција на која учество зема Дивна Пешиќ Грозданов, претседател на комисијата на Македонската Олимписка Дијаспора (МОД) со цел запознавање на нашите иселеници во САД со активностите кои ќе бидат преземени на територијата на САД и Канада.

Дивна Пешиќ Грозданов на панелот со наслов “Зајакнување на македонскиот Олимписки дух”, имаше обраќање до присутните образложувајќи ги основните цели на комисијата кои ќе бидат водилка во периодот што следува.

Divna Pesic 1

Дел од клучните придонеси се зајакнување на националниот идентитет: Поврзување на Македонците во странство со нивната татковина преку спорт, зајакнување на културната и националната гордост.

Развој на таленти: Идентификување и поддршка на млади македонски спортисти ширум светот кои би можеле да ја претставуваат нашата држава или да придонесат со експертиза.

Финансиска и спонзорска поддршка: Ангажирање на дијаспората во финансирање, спонзорства и инвестиции за подобрување на спортската инфраструктура во нашата држава.

Споделување знаење и искуство: Користење на експертиза од спортисти од дијаспора, тренери и спортски професионалци за подобрување на спортскиот развој.

Меѓународно вмрежување: Зајакнување на присуството на македонските спортисти во глобалните спортски организации и настани преку поврзување со дијаспората.

Divna Pesic 2

Македонската олимписка дијаспора може да послужи како мост меѓу татковината и глобалната заедница, создавајќи нови можности за соработка, единство и национална промоција преку спортот, рече меѓу другото Дивна Пешиќ Грозданов пред присутните.

Веќе се направени и првите контакти со наши потенцијални спортски надежи а можеби и идни олимпијци, кои ќе се борат за остварување на главната цел на секој спортист, медал од Олимписките игри.

Divna Pesic 3