„Никој не е зад нас“Во Лисабон, Португалија од 8-9 февруари во просториите на Associação Pais21 – Down Portugal здружение на луѓе со трисомија 21, семејства и граѓанско општество, се одржа првиот работен состанок за Проектот „Никој не е зад нас“ (No1Behind) на кој Македонскиот Олимписки комитет (МОК) во соработка со Шпанија, Португалија и "Центар за активни млади" ќе има за цел да го зголеми учеството на деца и млади со попречености во спортот. Проектот промовира активен и еколошки начин на живот, поттикнува активно граѓанство, го зајакнува интегритетот и вредностите во спортот, поддржува одржлива спортска политика и обезбедува секторска соработка за подигнување на свеста за придонесот што спортот може да го направи. Преку овoj проект отвараме можност за соработка со други земји и создаваме поголема свест и можности за децата со попреченост во спортот.