Одличен почеток на нашиот биатлонец Петар Гиноски! Денес, тој зема учество заедно со 64 останати учесници и ги воодушеви сите.
Во првиот круг, Петар испука и погоди 5 од 5 , вториот круг 4 од 5, а во третиот круг 4 од 5. Но, последниот круг беше пресуден за тој да заврши на 46. место.
Бевме сведоци на одличен настап, каде Петар ги покажа своите амбиции и желба да ја претстави Македонија во најдобро светло . Неговата посветеност и упорност се неспорни!
Следниот настап на Петар ќе биде во петок, во 10:00 часот по Грузиско време . Тој продолжува со напорни подготовки и ќе го даде својот максимум!
МОК максимално верува и го поддржува Петар, кој е придружуван од својот тренер Ѓоко Динески.


