Денес во спортскиот центар „Јане Сандански“ се одржаа Мини олимписки игри, каде учество земаа 550 ученици од основните училишта на општините Аеродром и Ѓорче Петров. Учениците беа предводени од своите наставници и се натпреваруваа на шест полигони:
- Фер-плеј судија
- Баланс и пријателство*
- Тимска препрека
- Заеднички успех
- Ласер ран
- Изградба на кула
Припремата за овој настан траеше два месеци, а атмосферата во салата беше фантастична! Настанот беше исполнет со дружење, фер игра и многу насмевки. Секој ученик доби маичка и медал , а најдобрите тројца од вкупно 550 ученици се здобија со пехари
.
Огромна благодарност до градоначалниците на општините Аеродром и Ѓорче Петров за нивната поддршка, како и до директорите на основните училишта, наставниците и сите волонтери кои придонесоа за ова незаборавно искуство.
Продолжуваме понатаму со едукација на учениците и промоција на спортските вредности!
#МиниОлимпискиИгри #ДецаИСпорт #ЗаедничкиУспех

















