Првпат кај нас: „Поттикнување на женското претприемништво во спортот“!
На уникатниот настан се споделија искуства, стратегии и препораки за жените кои дејствуваат во спортската индустрија.
Инспиративни говорници:
- Претприемачки приказни: Нина Ангеловска и Елена Бубало Михајловска
- Можности за жените во спортската индустрија: Виктор Мирчевски, Фросина Бошкова, Софија Гошева Чоланческа
- Клучни вештини, овозможувачка средина и поддршка за успешно претприемништво: Ирена Јакимова, Валентина Дисовска, Александра Терзиски
Овој настан отвора нови можности за жените во спортскиот бизнис и иновации.
Настанот е дел од проектот Фер Игра – Поддршка за родова еднаквост во спортот, финансиран од ЕУ.
Заедно поттикнуваме економска стабилност и финансиска независност за жените! #ЖенскоПретприемништво #Спорт #РодоваЕднаквост





