Во организација на МОК и Универзитетот “Св. Климент Охридски“-Битола (УКЛО), Спортскиот универзитетски сојуз (СУС), студентите и академскиот кадар на Универзитетот преку Обуката за „Спортска администрација и спортски менаџмент“, на која предавачи беа претседателот на МОК, Даниел Димески и генералниот секретар Сашо Поповски се запознаа од прва рака со основите на стратешкиот менаџмент, работата на спортската администрација, работата на Спортско арбитражниот суд при МОК, допинг контролата во спортот и многу други актуелни информации потребни за водење на олимписките и спортските организации.
Станува збор за меѓународна обука која се практикува на глобално ниво, имајќи во предвид дека без врвна спортска администрација и врвен спортски менаџмент невозможно е да се постигнат врвни спортски резултати.
На настанот присуствуваше и проректорката за студенстки работи на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, која запознавајќи ги присутните со СУС, истакна дека УКЛО неодамна го формира Спортскиот универзитетски сојуз со здружени сили од неколку заинтересирани соосновачи, со цел на студентите да им се овозможи уште повисок и подобар стандард во делот на спортот, спортскиот менаџмент, спортската рекреација и спортската култура.