*ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ ПРЕКУ СПОРТ*: ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ОЛИМПИСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И ГРАЃАНСКАТА АКТИВНОСТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
– овој пилот проект е предвесник на голема промена во спортското образование во основните училишта!
Олимпискиот комитет донираше спортска опрема за поддршка на проектот, вклучувајќи
топки за фудбал и
одбојка, конуси, знаменца, хулахопи,
тениски топчиња,
сетови за пинг понг,
штоперици и
јажиња. Оваа опрема ќе помогне во развивање на спортските вештини на децата и ќе ја поттикне нивната љубов кон спортот.
Проектот ги опфаќа општините Аеродром и Ѓорче Петров, како и следните училишта:
- ООУ “Мирче Ацев”
- ООУ “Ѓорче Петров”
- ООУ “Јоаким Крчовски”
- ООУ “Тихомир Милошевски”
- ООУ “Страшо Пинџур”
- ООУ “Д.П.Г.Беровски”
- ООУ “Александар Македонски”
- ООУ “Ѓорѓија Пулевски”
- ООУ “Лазо Ангеловски”
- ООУ “Љубен Лапе”
- ОOУ “Браќа Миладиновци”
- ООУ “Димитар Македонски”
- ООУ “Гоце Делчев”
- ООУ “Блаже Конески”
Во текот на наредната недела ќе биде поделена дополнителна спортска опрема, а во декември се планира *мега настан*
на кој учениците од сите училишта ќе можат да се натпреваруваат заедно и да го подигнат духот на олимпизмот во нашата држава!