Назад
Средба со првиот човек на Светското Таеквондо
Daniel taekwondo 1

За успешниот настап и презентација на македонското таеквондо на Олимписките игри во Париз од страна на Мила Рељиќ, стигна честитка од страна на челниот човек на Светското Таеквондо,  г-динот Чуе Чунгвон.


Тој се заблагодари на претседателот Димевски за досегашната одлична соработка и изрази подготвеност за зголемена поддршка на најдобрите македонски таеквондисти и македонската таеквондо федерација.


Беше истакнато дека наша заедничка цел е освојување на што повеќе медали од  европските и светските првенства, како и на следните Олимписки игри во Лос Анџелес 2028.