Претседателот на Меѓународната Спортско Стрелачка Федерација, Лучијано Роси беше во посета на МОК.
Заедно со него беше и претседателот на Македонската Спортско Стрелачка Федерација, г-динот Јордан Тасевски кој се заблагодари за сета помош и поддршка која ја добива федерацијата и честа за првпат еден претседател на меѓународната организација да биде во посета на Македонија.
-Се заблагодарувам на Македонскиот Олимписки комитет за одличната соработка со ИССФ и МССФ која е на многу високо ниво, истакна Роси.
Димевски и Роси разговараа и за многу проекти поврзани со идните млади стрелци кои еден ден секако ќе ја претставуваат Македонија на следните Олимписки игри.