Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски оствари огромен успех на Медитеранските игри во Таранто, освојувајќи го златниот медал во категоријата до 67 килограми. За Македонија ова е прв златен медал од Медитеранските игри.
Во финалната борба македонскиот репрезентативец беше убедлив против Хрватот Боран Берак, кого го совлада со високи 6-0.
Белистојаноски запиша четири победи во низа и во ниту една од нив не остави простор за дилеми. Во полуфиналето беше подобар од Гркот Балиотис со 5-1, додека претходно во четвртфиналето го совлада Италијанецот Мареска со 2-0.
Досега Македонија покрај златниот медал има освоено 2 сребрени медали и 3 бронзени медали.