Македонските борачи донесоа голем резултат и успех за нашата земја на Медитеранските игри во Таранто, настан на кој се освоени три медали.
Фати Вејсели, Ахмад Магомедов и Реџеп Хајдари се имињата на тројцата јунаци кои донесоа знаечаен резултат, два сребрени и една бронзена медала.
Вејсели и Хајдари се закитија со сребра, двајцата загубија во финалните средби од Ислам Дудаев и Даурен Куруглиев во категории до 74 и 97 килограми.
Магомедов пак дојде до бронза откако во борбата за медал издоминира против Габриеле Николини со технички туш (10-0).