Назад
СТАВРИ БЕЛО ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ ЗА СТРАТЕШКИ МЕНАЏМЕНТ ВО МОК

Денес во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК) се одржа стручно предавање на тема „Стратешки менаџмент на Олимписките спортски организации (ОСО)“, наменето за претставниците на Националните спортски федерации (НСФ) и спортските клубови од Македонија.


Главен предавач беше Ставри Бело, официјален предавач на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) за Напреден спортски менаџмент. Целта на настанот беше едукација и запознавање на македонските спортски администратори и менаџери со современите алатки за долгорочен развој на спортските субјекти.

Napreden 1

Во рамките на предавањето беа обработени следниве клучни теми:


-Стратегиско управување и планирање: Подготовка и фази на процесот.

-Процена на средината: Анализа на внатрешните и надворешните фактори.

-Идентитет на организациите: Дефинирање визија, мисија, вредности и стратегиски цели.

-Стратегиски и акциски планови: Изработка на функционални и оперативни планови.

-Контрола и евалуација: Механизми за следење на резултатите и мерење на успешноста.

Napreden 3

За време на предавањето беше истакнато дека професионализацијата на менаџментот е клучен чекор кон постигнување високи  континуирани спортски резултати на меѓународна сцена, каде што стратешкиот план служи како активен водич за иднината на македонскиот спорт.


Со оваа иницијатива, МОК ја продолжува својата посветеност кон континуирана едукација на спортските кадри и зајакнување на капацитетите на федерациите согласно највисоките стандарди на ИОК.

Napreden 2