Денес Олимпискиот комитет на Северна Македонија ја организираше Националната конференција „Спортска дипломатија: политики, практики и идни можности“, на која беше направен историски исчекор за регионот со формирањето на Регионалниот хаб за спортска дипломатија.
6+ претставници на олимписки комитети од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Косово и Албанија
15+ амбасадори и претставници на амбасади од земјата и регионот
Претставници на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија
Претставници на државни институции, академската заедница и спортски организации
Круна на настанот беше потпишувањето на Декларацијата за воспоставување на Western Balkan Sport Diplomacy Hub – заедничка регионална платформа која ќе ги обедини олимписките комитети во насока на посилна соработка, размена на знаења и заедничко претставување на европската и светската сцена.
Ова не беше само конференција. Ова беше почеток на ново поглавје во кое спортот станува двигател на дипломатијата, партнерствата и регионалниот развој.





