Назад
Работилница во соработка со два различни сектори од МВР – Одделот за организиран криминал и Одделот за сајбер криминал

Денес, во просториите на Олимпискиот комитет на Македонија, се одржа работилница во соработка со два различни оддели од Министерството за внатрешни работи – Одделот за организиран криминал и Одделот за сајбер криминал.


Целта на оваа иницијатива е преку засилена меѓуинституционална соработка да работиме на превенција и санкционирање на секоја форма на манипулација со резултати во македонскиот спорт.


Работилницата беше водена од португалскиот експерт Жоао Паоло Алмеида, кој сподели искуства и практики за справување со овие предизвици на меѓународно ниво.


Овој проект е финансиски поддржан од Олимписката солидарност.


Со заеднички сили и посветеност, продолжуваме да градиме фер, транспарентен и чист спорт за идните генерации.


#OlympicSolidarity #sportintegrity #internationalolympiccommittee #goodgovernance