Назад
Мини Олимписки игри 2026

Вчера, во рамки на ОВЕП програмата поддржана од Олимписка солидарност, успешно се одржаа првите од четирите планирани Мини Олимписки игри 2026 – овојпат во Стојаково 🏅

SARA 7

На настанот учествуваа над 150 ученици од Ѓавото, Стојаково и Богданци, кои преку 6 различни игри ги демонстрираа вистинските олимписки вредности – фер плеј, почит и пријателство. Секој учесник си замина со маичка, сертификат и медал, додека најдобрите тројца беа наградени и со трофеи 🏆

SARA 9

Настанот беше збогатен со присуство на наставниците кои активно учествуваа во подготовките, директорите на училиштата, како и градоначалникот на Богданци, г-дин Блаже Шопов.

SARA 4

Покрај спортската опрема – фудбалски и баскет топки, хулахопи, мали голчиња, конуси, пинг-понг рекети, јаже за прескокнување и маркери за терен – беше донирана и опрема за други училишни предмети како ликовно и музичко образование, како и инвентар за училиштата, со цел преку креативен и интерактивен пристап да се промовираат олимписките вредности.

SARA 3

🔥 А учениците? Е тука беше вистинското шоу!

Насмевки на сите страни, енергија што не запира и натпреварувачки дух на максимум! Се бодреа, се дружеа, играа до последна секунда и направија атмосфера што се памети. Чисто уживање, многу смеа и моменти што ќе ги раскажуваат уште долго!


Ова е само почеток – продолжуваме со уште поголема енергија! 💪

SARA 1
SARA 6