Назад
Дарио Ивановски втор на маратонот во Белград

Македонскиот Олимписки комитет го поздравува одличниот настап на нашиот атлетичар Дарио Ивановски, кој денес во Белград оствари добар резултат и уште еднаш покажа дека се наоѓа во врвна форма.


Нашиот најдобар маратонец го заврши како второпласиран маратонот во Белград. Тој го заврши маратонот со време од 2:09.35. Иако не постави личен рекорд, сепак, ова е одличен резултат за нашиот атлетичар.


Првотото место му припадна на Гемсиса Гада од Етиопија со рекорд на стазата од 2:09.08.


Дарио имаше одличен втор дел од трката, каде од четвртото место, успеа да стигне до втората позиција. Оваа година белградскиот маратон имаше изменета траса, и тоа даде резултат со рекорд на патеката.


Ивановски, кој е олимписки стипендист на Македонскиот олимписки комитет, продолжува да напредува и да ја потврдува својата класа на меѓународната сцена. Неговиот успех е доказ дека континуираната работа, посветеноста и системската поддршка даваат резултати.


Македонскиот олимписки комитет останува целосно посветен на поддршката на своите спортисти. Ќе продолжиме активно да инвестираме во развојот на нашите олимписки стипендисти, создавајќи услови тие да го достигнат својот максимален потенцијал и достојно да ја претставуваат Македонија на најголемите меѓународни натпреварувања.


👏 Честитки Дарио – продолжуваме заедно кон нови успеси!


#TeamMKD #OlympicScholarship #Athletics #МОК #ProudOfOurAthletes 🏃‍♂️🇲🇰

dario-ivanovski.jpg