Назад
Македонскиот олимписки комитет организира „Олимписки пикник”

Олимпискиот комитет на Северна Македонија има особено задоволство да ве покани на претстојниот „Олимписки пикник“ – настан посветен на промоција на олимпизмот, здравите навики и меѓународното пријателство.


Настанот ќе се одржи утре, сабота, 18 април 2026 година, во периодот од 12:00 до 16:00 часот, кај тениските терени во рамки на Спортскиот центар. Ова е точната локација:

https://maps.app.goo.gl/L2bLnHYT4UvpTWqPA


Замислен како неформално дружење на отворено, пикникот ќе понуди пријатна атмосфера надополнета со музика, освежување и разни рекреативни активности. Ова е убава прилика за споделување позитивна енергија меѓу нашите врвни олимпијци, спортски работници, како и поканетите претставници на дипломатскиот кор.

Олимписки ден покана