На престижниот Меѓународен турнир во борење слободен стил за мажи Дан Колов и Никола Петров, кој се одржува во Пловдив, Владимир Егоров го освои златото.
Честитки до Владимир Егоров за извонредната победа! Тој брилијантно доминираше и заслужено го освои златниот медал во категоријата до 61 кг, демонстрирајќи врвна техника, борбеност и самодоверба на секој меч.
Особено горди сме што Владимир Егоров е стипендист на Македонски олимписки комитет, што претставува уште една потврда за неговиот континуиран развој и врвни спортски достигнувања.
На патот до златото, Егоров беше доминантен во сите борби:
Во првата борба, со убедливи 11:0 го совлада противникот од Бугарија.
Во следното коло го победи Камил Керимов од Украина.
Во финалето, со сигурни 4:0 го совлада Никита Абрамов.
**61 кг.**
Владимир Егоров (Македонија)
Никита Абрамов (Украина)
Камил Керимов (Украина)
Стилиан Илиев (Бугарија)