Назад
МОК и Крушево со нов фокус на развојот на спортската администрација, спортскиот туризам и развојот на младите спортски таленти
655725512_1309955367857680_1165133803105830665_n

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Општина Крушево одржа работна сесија насочена кон унапредување на локалниот спортски екосистем со посебен акцент на развојот на спортската администрација, спортскиот туризам и поддршката на младите генерации.

На состанокот, на кој учествуваа претставници од локалниот спортски и образовен сектор, свои обраќања имаа претседателот на МОК, Даниел Димевски, како и Сашо Поповски и Петар Спасеновски.

Во фокусот на дискусијата беше позиционирањето на Крушево како атрактивна дестинација за спортски подготовки и настани, користејќи ги природните и инфраструктурните потенцијали на општината. Беше истакната потребата од системски пристап во развојот на спортскиот туризам, како можност за економски раст и меѓународна промоција на регионот.

Како дел од иницијативата, беше најавена и конкретна поддршка за образовните институции, вклучително и донации за основните и средното училиште, со цел подобрување на условите за спорт и физичка активност кај учениците.

Дополнително, МОК ќе соработува со локалните структури во насока на рана идентификација и селекција на млади спортски таленти, преку имплементација на стручни програми и едукација на спортскиот кадар.

Работната сесија резултираше со дефинирање на конкретни чекори за понатамошна соработка, насочени кон создавање одржлив спортски екосистем, кој ќе ја зацврсти позицијата на Крушево како центар на спортот и активниот спортски туризам во регионот.

658200614_1309955414524342_7309937940918449584_n