Назад
Честит Рамазан Бајрам

Почитувани граѓани од исламска вероисповед,

​Во име на Македонскиот олимписки комитет, на сите граѓани во нашата земја кои го празнуваат овој ден, како и на целата наша спортска заедница, најсрдечно ви го честитаме големиот празник – Рамазан Бајрам.

​Ви посакуваме овие светли празнични денови да ги поминете во добро здравје, духовен мир, благосостојба и радост, опкружени со вашите семејства, пријатели и најблиски.

​Празниците се време кое нè потсетува на важноста на солидарноста, хуманоста, меѓусебното почитување и заедништвото. Тоа се истите оние универзални вредности кои се темел на олимпиското движење и преку кои сите заедно градиме подобро, потолерантно и пообединето општество.

​Нека ви е честит и благословен празникот!

​Бајрам Шериф Мубарек Олсун!

WhatsApp Image 2026-03-20 at 13.43.04