Денес во Македонски Олимписки комитет се одржа последната сесија од Модул 3 во рамки на проектот GUARD – Safeguarding Children in Sport.
На обуката учествуваа претставници од спортски федерации, кои дискутираа за важноста на заштитата на децата во спортот и за улогата на федерациите во создавање безбедна и одговорна спортска средина.
Заштитата на децата останува важна заложба на спортските организации и основа за развој на здрав и етички спорт.





