Назад
Олимпискиот стипендист продолжува да испишува историја

Македонскиот олимписки комитет (МОК) со огромна среќа и гордост му го честита новиот голем резултат на Дарио Ивановски, најдобриот македонски атлетичар и олимписки стипендист на МОК.

Dario 3

На силниот меѓународен маратон, во конкуренција на светската елита, Дарио уште еднаш ја потврди својата одлична форма и врвна подготвеност, а со постигнатиот денешен резултат ја зацврстува својата позиција за пласман преку ранкинг на ЕП во Бирмингам и уште сега е сигурен учесник на континенталниот собир.

Дарио ја мина целта со време од 2:12:23 часа, што претставува трет најдобар резултат во неговата спортска кариера. Во исклучително тешка и масовна конкуренција, тој го зазеде 38-то место, покажувајќи неверојатна ментална и физичка сила во клучните моменти од трката.

Dario 2

Овој успех на Дарио е само уште една потврда дека неговата посветеност и патот кон Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 се правилно трасирани. Како стипендист на МОК, тој е пример за професионализам и мотив за сите млади и идни врвни македонски спортисти-Олимпијци. МОК продолжува да дава целосна поддршка во неговите подготовки и учество на врвни спортски настани, верувајќи дека најдоброто од Дарио допрва претстои.

Dario 1