Назад
Обука на тема „Добро владеење“

Македонскиот Олимписки Комитет ја организираше првата обука во рамки на темата „Добро владеење“ 🏛, посветена на унапредување на транспарентноста, отчетноста и правилното управување во работата на спортските федерации. на работилницата беа присутни претставници од спортските федерации кои ги споделија своите искуства на оваа тема и ја користеа алатката за само-евалуација.


Работилницата беше водена од полскиот експерт Грег Ботвина 🇵🇱, кој преку практични алатки и добри меѓународни практики ги претстави клучните стандарди за етичко и ефективно функционирање на спортските организации.

001

Оваа работилница се реализира во рамки на проектот „Интегритет во спортот: Градење на доверба преку акција“ 🤝, финансиран од Олимписката солидарност 🌍.


Продолжуваме активно да работиме на темата спортски интегритет 💪, затоа што тој претставува темел за фер натпреварување, доверба во спортските институции и долгорочен развој на спортот. Без силни механизми за интегритет, спортот се соочува со ризици од корупција, манипулации и неправилности што ја нарушуваат неговата иднина.


Следен чекор: tailor-made работилници и менторски сесии 🎯 за 5 спортски федерации, со цел конкретна поддршка и унапредување на нивните системи на управување.

#OlympicSolidarity

002