Македонскиот Олимписки Комитет ја организираше првата обука во рамки на темата „Добро владеење“ , посветена на унапредување на транспарентноста, отчетноста и правилното управување во работата на спортските федерации. на работилницата беа присутни претставници од спортските федерации кои ги споделија своите искуства на оваа тема и ја користеа алатката за само-евалуација.
Работилницата беше водена од полскиот експерт Грег Ботвина , кој преку практични алатки и добри меѓународни практики ги претстави клучните стандарди за етичко и ефективно функционирање на спортските организации.
Оваа работилница се реализира во рамки на проектот „Интегритет во спортот: Градење на доверба преку акција“ , финансиран од Олимписката солидарност
.
Продолжуваме активно да работиме на темата спортски интегритет , затоа што тој претставува темел за фер натпреварување, доверба во спортските институции и долгорочен развој на спортот. Без силни механизми за интегритет, спортот се соочува со ризици од корупција, манипулации и неправилности што ја нарушуваат неговата иднина.
Следен чекор: tailor-made работилници и менторски сесии за 5 спортски федерации, со цел конкретна поддршка и унапредување на нивните системи на управување.
#OlympicSolidarity