Претставници од Македонскиот олимписки комитет беа дел од престижниот ЕУ Спорт Конгрес 2025, кој минатата недела се одржа во Лил, Франција – водечки европски форум што ги обединува клучните актери во спортот, иновациите и општествената одговорност.
🌍 Настанот собра високопрофилни говорници – министри, експерти и лидери од Европската комисија и националните олимписки комитети, кои дебатираа за иднината на спортот, дигиталната трансформација и етичкото управување.
💡 Македонскиот олимписки комитет со гордост учествува како партнер во два европски проекти презентирани на Конгресот:
🔹 PORTAL – иницијатива што го поттикнува дигиталниот развој и комуникациските капацитети на спортските организации, создавајќи поефикасен и модерен спортски екосистем.
🔹 HERO – проект што се фокусира на правата на спортистите и создава онлајн обука за нивна едукација и заштита. Преку HIRO се истражуваат клучните предизвици и одговорности на спортските институции – од заштита на спортистите и еднаквост на теренот, до вградување на човечки права во спортското управување и одржлив развој.
🔥 Присуството на МОК на ЕУ Спорт Конгресот ја потврдува нашата посветеност на етичко управување, иновација и унапредување на правата на спортистите – денес и во иднина.