Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, и Генералниот секретар, Ѓорги Тасев, на покана на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), присуствуваа на свечената гала-манифестација „Ракометар на годината".
Упатуваме голема благодарност до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за поканата и за одличната организација со која се одбележа враќањето на оваа убава традиција.
Најискрени честитки до сите добитници на наградите – од најдобрите играчи Филип Кузмановски и Катерина Дамјаноска, до тренерите, младите надежи и сите други лауреати. Вие сте доказ за силата и талентот во македонскиот ракомет.
Ракометот отсекогаш бил национална гордост и еден од столбовите на олимпиското семејство во Македонија. Како Македонски олимписки комитет, остануваме силен и посветен партнер на Федерацијата.
Веруваме дека само преку заедничка работа, меѓусебна поддршка и јасна визија можеме да создадеме уште подобри услови за нашите спортисти и да ги славиме идните олимписки успеси.