Назад
Масовно учество на конференцијата за инклузивност во спортот во МОК

На 2-ри октомври во СЦ Јане Сандански во Скопје се одржа последната конференција за инклузија и попреченост во спортот, која собра голем број учесници.

IMG_0120

​Овој настан, организиран од Олимпискиот комитет на Северна Македонија заедно со партнери од Франција, Шпанија, Португалија, Данска и Грција, беше вистински успех. Претставник на Комитетот, Моника Наумовска и Силвија Митевска од ССС, беа домаќини на конференцијата, на која присуствуваа многу наставници по физичко образование, социјални работници и претставници на организации кои работат со лица со попреченост.

IMG_0130

​Панел дискусијата беше одлична, а атмосферата беше исполнета со голем интерес и позитивна енергија. Сите присутни беа сплотени во заедничка цел, да се залагаат за подобра инклузија во спортот. Овој настан покажа дека постои голема потреба и ентузијазам за вакви иницијативи, со кои се помага на децата со попреченост.

IMG_0194