Назад
Владимир Егоров го освои петтото место на Светското првенство во борење слободен стил за сениори во Загреб, Хрватска

Стипендистот на МОК, Владимир Егоров за бронзата ги одмери силите со Гуломјон Абдулаев од Узбекистан и загуби 1-3. 

Егоров во репасажот славеше против Гарет Остин Сандерс од Канада со 10-0,  односно технички туш. Реџеп Хајдари загуби во репасажот од Самуел Шерер од Швајцарија 2-4.


Така, Владмир го оствари најдобриот резултат на ова СП за Македонија.


Ќе потсетиме дека Егоров е европски шампион од 2022 година кога на Европското првенство во Будимпешта, Унгарија, во финалето во категоријата до 57 килограми со 8-6 го совлада противникот од Азербејџан, Алиабас Рзазаде.

Мaгомедгаџи Нуров не доби шанса во репасажот бидејќи Ахмед Тажудинов загуби од Иранецот Амирали Хамид Азарпира 2-5 и не се пласира во финалето.


Во првата борба Нуров славеше над Нишан Прет Синг Рандава од Канада со 5-3, а во осминафеналето загуби од фаворитот Тажудинов од Катар 0-10.


gjurcevski-so-reprezentacijata-vo-borenje