Стипендистот на МОК, Владимир Егоров за бронзата ги одмери силите со Гуломјон Абдулаев од Узбекистан и загуби 1-3.
Егоров во репасажот славеше против Гарет Остин Сандерс од Канада со 10-0, односно технички туш. Реџеп Хајдари загуби во репасажот од Самуел Шерер од Швајцарија 2-4.
Така, Владмир го оствари најдобриот резултат на ова СП за Македонија.
Ќе потсетиме дека Егоров е европски шампион од 2022 година кога на Европското првенство во Будимпешта, Унгарија, во финалето во категоријата до 57 килограми со 8-6 го совлада противникот од Азербејџан, Алиабас Рзазаде.
Мaгомедгаџи Нуров не доби шанса во репасажот бидејќи Ахмед Тажудинов загуби од Иранецот Амирали Хамид Азарпира 2-5 и не се пласира во финалето.
Во првата борба Нуров славеше над Нишан Прет Синг Рандава од Канада со 5-3, а во осминафеналето загуби од фаворитот Тажудинов од Катар 0-10.