📸 Потпишан Меморандум за стратешка соработка помеѓу МОК и ФИТР! 🤝
Денес официјално го поставивме темелот за долгорочна стратешка рамка помеѓу Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Овој Меморандум претставува важен чекор кон иднината на спортот и иновациите во нашата земја. 💡
Со оваа соработка се стремиме кон:
🔹 Поттикнување и поддршка на иновативни решенија во спортот,
🔹 Подобрување на пристапот до финансирање и развој за спортската заедница,
🔹 Развој на нови спортски технолошки решенија преку јавни повици и програми на ФИТР,
🔹 Јакнење на свеста кај младите спортисти за важноста на иновациите, претприемништвото и технолошкиот напредок.
📌 Проектот е финансиран преку Олимписката солидарност, што уште еднаш го потврдува нашиот ангажман во градење капацитети и отварање нови можности за спортистите.
🌍 За МОК, оваа соработка е и пример за важноста на спортската дипломатија – мост меѓу спортот, технологијата и институционалната поддршка, со цел создавање на подобро утре за нашите млади таленти.
#OlympicSolidarity