Назад
Две први од Европското првенство 3-та дивизија во Марибор

Најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски, беше најбрз на трката на 5.000 метри во Марибор, Словенија, на Европското првенство 3-та дивизија. Ова беше втора победа на Македонија на Европското екипно првенство.


Ивановски ја заврши трката со време од 14:04,06 минути, што е негов најдобар резултат во оваа сезона, но за 10 секунди полошо од неговиот рекорд на кариерата.


Дека немаше конкуренција, говори фактот што второпласираниот Балдвин Магнусон од Исланд, заостана повеќе од 26 секунди, а дел од натпреварувачите беа престигнувани и за еден круг.

Дарио Ивановски

Првата радост денеска на Македoнија и ја донесе Трајковски кој скокна 7,83 метри, што беше резултат подобар за четири сантиметри од второпласираниот Инги Егилсон од Исланд.


Трајковски најдобриот скок го имаше во петтата серија, кога успеа да го победи Егилсон, кој до тогаш беше на првата позиција.

trajkovski-2.jpg