🛡 Модул 1 – Обука за офицери за заштита на децата во спортот
Со голема посветеност започна реализацијата на Модул 1 од обуката за Офицери за заштита на децата во спортот (Child Safeguarding Officers – CSOs) во рамки на GUARD проектот, кој има за цел да создаде безбедна и инклузивна спортска средина за децата во Европа.
📌 На модулот се обработуваат следните теми:
Основи на заштита на децата во спортот
Национални законски регулативи поврзани со заштита на деца
Улоги и одговорности на офицерите за заштита на деца во спорт
🔹 Обуката беше збогатена со активно учество на претставници од националните спортски федерации, кои покажаа голем интерес и подготвеност за унапредување на безбедноста на децата во нивните спортски системи.
Оваа иницијатива има за цел да ги обучи и оспособи спортските работници да препознаваат, реагираат и превенираат каква било форма на злоупотреба, занемарување или насилство врз децата во спортска средина.
📍Проектот GUARD е кофинансиран од Европската Унија преку програмата ЕРАЗМУС+ Спорт, и се спроведува во партнерство со организации од различни европски земји.
#GUARDproject #ErasmusPlus #ChildProtection #SafeSport #SportIntegrity #CSOtraining #EUprojects