Почувствувајте ја олимписката магија и возбудата на 3х3 баскет!
На 11. април, со огромно задоволство одбележуваме 100 дена до најголемиот спортски спектакл на кој Македонија била домаќин и се подготвуваме за највозбудливото лето до сега
Европскиот младински олимписки фестивал ова лето пристигнува во Скопје и Куманово, а по повод одбележувањето на 100 дена до овој настан, на 12. април (сабота) од 11 до 18ч, @mkd_olympic_team заедно со @eastgatemall.mk и @supportkocani организира хуманитарен настан кој ќе одбележи 100 дена до грандиозниот спортски фестивал.
Настанот освен славењето на спортот и младите има за цел да потсети на тимскиот дух и солидарноста во секое поле од животот!
Присуството е задолжително, а забавата? Загарантирана!
Се гледаме на 100 дена до ЕМОФ 2025!
East Gate Mall
12. април
11 до 18 часот