Назад
Дарио Ивановски втор на полумаратонот во Атина

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки во историјата, Олимпискиот стипендист Дарио Ивановски забележа нов одличен настап откако го освои второто место во полумаратон на Балканското првенство во Атина.

Во главниот град на нашиот јужен сосед делницата од 21.097 километри, Ивановски ја истрча за време од 1:05:19 час што беше доволно за сребрен медал на шампионатот на балканскиот полуостров.

Dario-Ivanovski.jpg
480982239_29176983848553535_6513914204197107173_n