Назад
Одличен настап на Петар Гиноски во биатлонската трка

Одличен почеток на нашиот биатлонец Петар Гиноски! 🌟 Денес, тој зема учество заедно со 64 останати учесници и ги воодушеви сите. 


Во првиот круг, Петар испука и погоди 5 од 5 🎯, вториот круг 4 од 5, а во третиот круг 4 од 5. Но, последниот круг беше пресуден за тој да заврши на 46. место. 🏅


Бевме сведоци на одличен настап, каде Петар ги покажа своите амбиции и желба да ја претстави Македонија во најдобро светло 🇲🇰. Неговата посветеност и упорност се неспорни!


Следниот настап на Петар ќе биде во петок, во 10:00 часот по Грузиско време ⏰. Тој продолжува со напорни подготовки и ќе го даде својот максимум! 💪


МОК максимално верува и го поддржува Петар, кој е придружуван од својот тренер Ѓоко Динески. 🙌


🇲🇰❤