Назад
200 денови до ЕМОФ Скопје 2025

Ни претставува особено задоволство да споделиме уште еден значаен момент од подготовките за претстојниот ЕМОФ Скопје 2025.

Денеска во спортскиот центар Јане Сандански, македонската спортска младина со кратка кореографска точка ни помогна означиме уште еден јубилеј – 200 дена до ЕМОФ Скопје 2025!

Секако, на настанот присуствуваше и вашиот омилен, Shiny кој помогна на спортистите да го одбележат овој прекрасен јубилеј.

Подготовките продолжуваат, а нашиот тим со нетрпение ги чека фестивалските денови во јули 2025!