Деновиве се одржаа 3 работилници во рамките на проектот за Спортски интегритет, на тема “Превенција од манипулација со спортски резултати” со:
Дел од ЕМОФ тимот како и тренери од различни спортови
Членовите на карате клубот “Автокоманда”
60 студенти од Државното средно училиште за физичка култура “Методи Митевски-Брицо”
Предавањата ги одржаа:
Експертот од Португалија, Жоао Паоло Палмеида и новоназначениот СПОК (Single Point of Contact) за спортски интегритет, на ОКСМ, Петар Спасеновски.
Во рамки на овој проект се разви упатство кое содржи насоки за превенција од манипулација со спортски резултати. Истото ќе биде достапно на веб страната на ОКСМ.
Продолжуваме и понатаму активно да се залагаме за едукација на оваа тема која е од огромно значење за целовкупниот спортски систем!




