Назад
Финална конференција на проектот “ATHLETES SPEAKERS”

Финалната конференција на проектот Athletes Speakers се одржа во прекрасниот град Кашкаиш, Португалија, и помина во одлична атмосфера 🌟. Настанот беше организиран во три сесии, на кои говорниците ги споделија своите искуства од учеството во онлајн курсот за комуникациски вештини 🎤. Нашата држава ја претстави Томче Стојчевски, кој учествуваше на панел-дискусија заедно со говорници од Португалија и Словачка 🇲🇰🇵🇹🇸🇰.


Сите спортисти и спортски работници кои сакаат да ги подобрат своите комуникациски вештини можат да ја искористат можноста и да се вклучат во бесплатната обука достапна на [Athletes Speakers](https://athletesspeakers.eu/) 💻🎓.


Овој проект е финансиран од ЕУ и координиран од Македонскиот Олимписки Комитет во партнерство со 6 партнер организации 🇪🇺🤝.