Денес во просториите на МОК се одржа обука за проектот GUARD- Safeguarding children in sport во кој Олимпискиот Комитет на Северна Македонија е партнер заедно со 7 европски држави преку матичните национални олимписки комитети под закрила на Европска Унија од страна на експерт за безбеден спорт Билјана Кузмановска. На обуката присуствуваа претставници од Националните спортски федерации. Целта на овој задолжителен проект е да обезбедиме заштита на младите спортисти од психичко, физичко и сексуално малтретирање и злоставување како и занемарување, воспоставување на систем кој ќе обезбеди заштита на младите спортисти, организирање на едукации, креирање на алатки за превенција, систем и начин на пријавување на недозволено однесување како и воспоставување на safeguarding структури во националните спортски федерации.