Назад
Донација на спортска опрема во основните училишта од општина Ѓорче Петров

Продолжува акцијата за донација на спортска опрема во основните училишта од општина Ѓорче Петров! 🏅📦 Оваа опрема секојдневно се користи за вежби од Едукативната Олимписка програма за развој на младите преку Олимписки вредности, кои наставниците  им ги пренесуваат на учениците, 🌟 помагајќи им да ги усвојат Олимписките вредности: почит, еднаквост и инклузија. 🤝🎽  


Во декември нè очекуваат мини спортски олимписки игри🏆🎉 во СЦ „Јане Сандански“, каде повеќе од 500 ученици ќе учествуваат и ќе се натпреваруваат на различни полигони и дисциплини. 🏃‍♀🤸‍♂🎯